430
Претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град, предвидуваат синоптичарите.
Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.