Џуд Ло создал парфем со мирис на крв, пот и фекалии за да ја долови улогата на Хенри Осми

by Fokus

Холивудскиот актер Џуд Ло за својата нова улога создаде парфем кој мириса на крв, пот и измет. На прес-конференцијата на Канскиот филмски фестивал Ло откри дека го создал парфемот за подобро да ја претстави улогата на кралот Хенри Осми во новиот филм „Firebrand“.

Тој објасни дека сакал да ги прикаже последните денови на англискиот крал со неговата шеста и последна сопруга Кетрин Пар, која ја игра шведската актерка Алишја Викандер.

“Прочитав неколку интересни извештаи дека можете да го почувствувате мирисот на Хенри три соби подалеку, бидејќи неговата нога била многу скапана. Тој користеше масло од роза за да ја покрие смрдеата. Мислев дека ќе биде корисно ако мирисам ужасно”, објаснил Ло.

Според неговите зборови, тој нашол експерт кој му ги искомбинирал овие мириси, а режисерот на филмот Карим Ајнуз се присетил на неговиот мирис кој се шири на сетот, велејќи дека тоа е навистина ужасно, пренесува Klix.ba.

Поврзани новости