Сончево и посвежо време денеска, од четврток дожд

by irena 08:28
08:28

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 0 до 8 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Сончево време со мала локална облачност ќе преовладува до средината на следната седмица. Во среда се очекува зголемување на облачноста и променливо облачно време со кратки сончеви периоди.

Позначителна промена на времето се најавува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, кои се очекува да продолжат и во петок.

Слични вести