Сончево и многу топло време со температури до 39 степени и УВ-9

by Fokus

Претежно сончево и многу топло време нè очекува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 20 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 29 до 39 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Сончево и многу топло ќе биде и во Скопје каде што максималните температури ќе достигнат до 39 степени.

Топлото време ќе се задржи во претстојниот период. Утринската температура на места нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а на места и 40 степени.

За в недела попладне, пак, најавена е локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поврзани новости