161
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот на новата седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне и 40°C, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Во Скопје, времето исто така ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура во главниот град ќе изнесува околу 19 степени, а максималната ќе се искачи до 39 степени.
Македонија повторно ја зафати бран на топло време и се советува граѓаните да избегнуваат директна изложеност на сонце во најтоплиот дел од денот и да се пијат доволно течности.