Сончево и многу топло време

by vlatko 08:00
08:00

Сончево и многу топло време е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот од 31 до 39 степени.

И во Скопје денеска времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се искачи до 39 степени.

За утре синоптичарите најавуваат сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 34 до 40 степени.

Слични вести