416
Сомнителен пакет испратен е и до демократот Том Стејер, познат по тоа што претходно бараше импичмент за претседателот Доналд Трамп.
Американските власти приведоа и подигнаа обвинение против едно лице, осомничено дека испраќал пакети со експлозивни направи. Тој е идентификуван како Сизар Сајок (56) и е обвинет по пет точки, меѓу кои и испраќање на експлозив по пошта до политичари и медиуми. Ако Сајок биде прогласен за виновен може да биде осуден на 58 години затвор.
Трамп изјави дека на сторителот ќе му биде судено „до крајните законски граници“
– Никогаш нема да дозволиме политичкото насилство да пушти корења во САД, изјави Трамп коментирајќи го апсењето на Сајок.