Сомнителен квалитет бил пронајден во еден производ на „Пекабеско“, останатите се безбедни

by Фокус

Портпаролот на Инспекторатот на Република Српска Душанка Макивиќ за “Дневни аваз ” потврди дека еден од производите на „Пекабеско“ е сомнителен, а дека сите останати кои се наоѓаат на пазарот се безбедни. Сомнителен квалитет е пронајден само во еден производ на оваа фабрика, во пилешкото филе.

-Целата храна која влегува во Република Српска, не може да ја мине границата пред да биде проверена Исправната храна е на пазарот, неисправната се враќа. Во конкретниот случај, се работи за пилешко филе, кое не ни влегло на босанскиот пазар, туку веднаш е вратен од границата, нагласува Макивиќ.

Претходно медиумите повикувајќи се на соопштение од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска јавија дека македонските производи на „Пекабеско“ имаат зголемено количество фосфати, поради што се издава наредба со која се забранува промет на производите на месо од оваа фирма.

Поврзани новости