Ескалираа протестите против пресудите во случајот Монструм. Солзавец, шок-бомби, огнено оружје, приведени лица и повредени полицајци е епилогот од досегашните случувања.
Демонстрантите извикуваа „Сакаме правда“ и „мафијашка држава“ и фрлаа со камења кон полициското обезбедување, распоредено во центарот на Скопје. Револтираната маса почнала да ја каменува зградата на судот, искршени се стаклата од прозорците и оштетена е фасадата. Полицијата употребува шок-бомби против насобраните во протестот за да ги одврати насобраните пред судот и Јајапашината џамија.
Според досегашпните информации, демонстрантите фрлале солзавец и камења кон полицијата и кон новинарските екипи, а десетмина се приведени.
Насобраната толпа ги расфрлаа и контејнерите за ѓубре по булеварите, а полицијата на терен има и воден топ и службени кучиња.
Протестот се одржува поради незадоволство од судската пресуда за случајот „Монструм“, во кој шестмина од седумте обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро добија доживотна казна затвор.