(ВИДЕО) Солзавец и шок бомби во Звечан, косовската полиција влегла во зградата на општината

by Fokus

Припадници на косовската полиција влегле во зградата на општина Звечан, откако употребиле солзавец и шок бомби.

На улицата има огромно количество чад од солзавец и шок бомби, јавува РТС.

Тепачката почнала кога полицијата ги повикала граѓаните да се оддалечат од зградата, што тие го одбиле. Фрлени се неколку шок бомби и солзавец, јавува Н1.

Според информациите, истрели се слушале петнаесетина минути. Се слушнал еден рафал, кој не бил од полицијата, јавува српскиот медиум.

Оклопни возила и специјални полициски единици се сместени пред зградата на општината.

Денеска по 11 часот се огласиле сирените во Лепосавиќ, Косовска Митровица и Зубин Поток.

Луѓето се собрале пред зградата на општина Звечан и со своите тела го блокирале влезот. Во еден момент дошло до пресметка со полицијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zubin Potok INFO (@zubinpotokinfo)

Поврзани новости