Наредба на Вучиќ: Борбената готовност на војската на Србија подигната на највисоко ниво

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ нешто пред 14 часот издаде наредба до Армијата да ја подигне борбената готовност на највисоко ниво и од тој момент Армијата започна со активности, изјави министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ.

„Наредено е итно движење кон административната линија со Косово“, изјави Вучевиќ за ТВ Пинк во живо од центарот на Белград.

Тој предупреди дека настаните на северот на Косово, каде владата во Приштина ги презема зградите на локалните самоуправи, не се игра, туку ја загрозуваат безбедноста на сите во регионот.

Како што нагласи, армијата апсолутно ќе ја исполни наредбата на Вучиќ и ќе го брани суверенитетот на Србија и правото на живот на сите нејзини граѓани.

„Јасно е дека се врши терор врз српската заедница на Косово“, заклучи Вучевиќ.

Поврзани новости