369
По одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не го поддржи отворено протестот кој ќе се одржи денеска во одбрана на името и на идентитетот, се јави поранешната пратеничка Солза Грчева, која им порача дека се зрели да се самоексплодираат.
„После изјавата на ВМРО дека само го поддржувале демократското право на протести (како да некој има право да забрани протести гарантирани со Устав), зрели се да се самоексплодираат. Ова е за рубриката “верувале или не“, напиша Грчева на својот фејсбук профил.
Грчева, инаку, штотуку ја формираше новата партија „Глас на Македонија“, која викендов го имаше своето основачко собрание. Таа најави дека нејзината партија ќе дејствува опозициски и дека во првите денови ќе се бори за зачувување на уставното име.