Солза Грчева: Ќе водам жестока борба против режимот во Собранието

Борбата за демократија треба да се води и во Парламент. Гласот на пратеникот под имунитет, допира до секој човек и ова мора да е дел од секоја добра стратегија, вели за „Фокус“ пратеничката од СДСМ, Солза Грчева која одлучи да остане во Собранието и покрај одлуката на нејзината партија да се бојкотира Парламентот.

– Кога веќе учествуваме во другите институциите на системот, како локални управи, совети, комисии, сметам дека бојкот само на Парламентот е недоволен. Конечно, не се согласувам моето пратеничко место да се поклони на други сателитски партии за што постојат најави. Јас мислам да бидам многу гласна и жестока во борбата со овој режим, и од Парламент, но и секаде каде таа борба ќе се води – вели Грчева.

Покрај неа, во Собранието ќе влезат Роза Топузова-Каревска од ЛДП и Љубица Буралиева од СДСМ.

Поврзани новости