764
Владата на денешната седница го декласифицираше договорот со Грција и македонската верзија ја објави на нејзината веб страница.
Според договорот, двете страни се обврзуваат дека ќе се придржуваат до Конференцијата на Обединетите нации за стандардизација на географските имиња во однос на употребата на официјалните географски имиња и топоними на територијата на другата Страна, давајќи притоа приоритет на користењето на ендоними, наместо егзоними.
Ова значи дека Македонија грчките градови и села од некогашната Егејска Македонија ќе треба да ги ословува со грчките топоними, па така наместо Солун, ќе треба да му се даде приоритет на називот Тесалоники.