Соларен парк Стипион – најголемата фотонапонска централа во Југоисточна Европа

by Fokus

Стратешките инвестиции во енергетиката ќе се најдат пред пратениците на седница на Собранието која е закажана за утре, среда 7 февруари, кога ќе се гласа за потребата од овие проекти за Македонија. Се очекува претставниците на Владата да ги презентираат сите стратешки инвестиции кои се планираат, а се вкупно четири.

Во овој текст е претставена стратешката инвестиција „Соларен парк – Стипион“, фотонапонска централа на местото каде требаше да се гради карго аеродромот во Штип, за која според големината, се смета дека ќе биде најголемиот соларен парк во Југоисточна Европа. Со инсталирана моќност од 400 МW, „Стипион“ едноставно ќе ја постави Македонија на чело на енергетската транзиција во Европа.

Која е Акуо Енерџи?

Со седумнаесет годишно искуство, француската компанија Акуо Енерџи е пионер во имплементацијата на иновативни решенија за искористување на сончевата енергија. На веб-страницата на компанијата може да се види дека во своето портфолиото таа има реализирано проекти за обновливи извори на енергија со моќност од 3 гигавати, што е прилично импресивна количина.

Акуо Енерџи е присутна во повеќе од 20 земји на пет континенти каде што има финансирано повеќе од 80 проекти за производство и развој на обновливата енергија. Акуо Енерџи е исто така пионер на моделот на агроволтаици, кој го комбинира производство на електрична енергија и земјоделски производи.

Ефекти од инвестицијата во однос на снабдувањето со електрична енергија и домашната економија

Овој соларен парк ќе произведува 10% од потребите за електрична енергија на државата, вклучувајќи го и увозот. Според анализите, стабилно снабдување со електрична енергија ќе биде обезбедено за 94.000 домаќинства од регионот. Оваа инвестицијата е 100% странски капитал, бидејќи Акуо Енерџи ќе инвестира исклучиво свои средства без субвенции од државниот буџет на Македонија.

Во однос на цената на струјата и цената што ја добива државата за купување, договорот предвидува фиксна цена пониска од пазарната, односно берзанската цена, што е многу позитивно за македонските граѓани.

Една од дебатите во јавноста и негативните страни на фотонапонските панели е дека заземаат голема површина плодно земјиште. Заради ова, неодамна беа иницирани измени во законот за градба со кои се забрани поставување на фотонапонски централи на плодно земјоделско земјиште од класа 1 и 2.

Поставување на агроволтаични системи на дел од централата, значително ќе придонесе за зачувување на обработливата земја, поради што стратешкиот инвеститор Акуо Енерџи ќе соработува со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на пилот проект во регионот со цел да ги покаже предностите и придобивките од агроволтаиците – систем кој комбинира земјоделско производство на истото земјиште под соодветни соларни панели и кој ќе произведува струја без емисии на јаглерот која ќе им даде дополнителен извор на приходи на земјоделците.

Економски ефекти

Планираната градба треба да донесе отворање на значителен број нови работни места и ангажирање на домашни подизведувачи. Очекувањата се дека во текот на изградбата на терен ќе бидат мобилизирани до 800 луѓе и ќе се создадат 1.200 директни и индиректни работни места, кои ќе бидат главно наменети за локални работници. Не се за занемарување и приходите за локалната самоуправа и граѓаните од регионот преку наплата на бројни давачки што директно ќе се слеваат во општинските буџети. Од оваа инвестиција најмногу „ќе се офајди“ Општина Штип, но и целиот регион ќе има придобивки.

Оправданоста на оваа инвестиција ќе биде презентирана од членовите на Владата во Собранието. Еден од клучните аргументи е дека со овој модел се обезбедуваат ниски и контролирани односно предвидливи цени на електричната енергија на долг рок (во случајов во период од 30 години), но ќе ги намали трошоците на државниот буџет со избегнување на дополнителни флуктуации, негативните трендови на пазарот на енергија и идни глобални енергетски кризи како оваа што ја доживуваме во моментов.

Согласно договорот, годишната инфлација е ограничена на 2% за целото времетраење на договорот, со што се спречува поскапувањето на електричната енергија и претставува исчекор во спроведувањето на енергетската транзиција, што според проектните анализи, ќе придонесе за намалување на емисиите на CO2 во воздухот во износ од 380 илјади тони годишно.

Прва голема инвестиција од Франција, можност за нови проекти во иднина

Анализата на странските инвестиции покажува дека ова е прва голема француска инвестиција во Северна Македонија која има поддршка од француската Влада и нивните претставници во земјата. Проектот несомнено ќе ги зацврсне македонско-француските економски и политички врски. Ова е добра вест ако знаеме какво е влијанието на Франција во Европската Унија и нивната улога во нашите евроинтеграции. Дополнително, една инвестиција често повлекува и друга, па така се отвора ново поле на соработка меѓу двете држави.

ПР

 

Поврзани новости