Сојузот на средношколци ја информира јавноста дека бојкотот на наставата од страна на матурантите предизвикан од немањето волја во МОН да се најде компромис е успешен, соопштија денеска од Сојузот.
-Во четврток (21 јануари) бојкотираа 78% од матурантите, а во петок (22 јануари) 71%. Причината за овој надолен тренд се притисоците и заканите од страна на училишните директори и наставници врз учениците. Ваквите појави ги кршат средношколските права,Конвенцијата за човекови права и Уставот на РСМ. Ги повикуваме средношколците да ги пријават сите притосоци врз нив, а истите ќе бидат соодветно документирани од наша страна. Истовремено ги демантираме лажните вести дека ССРСМ и МОН постигнале договор. Таквите вести се комплетно неточни и имаат за цел да ја дефокусираат јавноста и, многу поважно, матурантите. Наместо ширење лажни вести, властите треба да се соочат со аргументите на Сојузот и да ги прифатат нашите барања. Ве потсетуваме дека бојкотот на наставата продолжува и во понеделник. Ги повикуваме сите матуранти да се придружат кон отпорот. Нашите барања се разумни и подржани од меѓународни примери – нема да се откажаме додека не ги оствариме!, порачуваат од Сојуз на средношколците.