Заев тврди дека придавката „македонски“ никогаш не била проблем

by fokus

Ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем и таа останува во записниците од Заедничката мултидисциплинарна експертска историска комисија помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Тоа е идентитетска придавка и нашиот идентитет не е спорен, и никој пат нема да дозволиме кој било да го спори, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Мене ми е драго што и вчера претседателот на Комисијата потврди тоа што и на нас како Влада ни го има соопштено, пред се, преку министерот за надворешни работи Бујар Османи, а тоа е дека ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем. Таму како се дискутира од страна на нашите историчари и на бугарските историчари така ќе стои и во записниците. Тоа го потврди и самиот претседател на Комисијата. Тоа е идентитетска придавка и нашиот идентитет не е спорен, и никој пат нема да дозволиме кој било да го спори, рече Заев на новинарско прашање по обраќањето во село Стајковци по повод изградбата на нова спортска сала.

Тој ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека Владата работи во интерес на Бугарија и нагласи дека нема повеличествени и поимперативни интереси освен македонските интереси, реферирајќи на македонската нација, а со тоа и, вели, на македонскиот народ,на албанскиот народ и сите други народи кои живеат во земјава.

Поврзани новости