508
Додека пратеникот Крсто Мукоски на 28 април 2017 година добива насоки од Миле Јанакиески да се качат во прес салата каде што бил Заев, во комуникацијата на вибер се вклучува и жена која во телефонот на Мукоски била запишана како “колешка Чаир”.
Таа вели:” Шекеринска мене остајте ми ја!”, а потоа пишува:”Отварајте дечки вратите”!
Во следната порака ги известува дека веќе влегле во Собранието.