Софиски „Труд“ за Арсовска: Бугарка е вербално линчувана во Скопје

by fokus

Откако од СДСМ ја обвинија кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, дека има бугарско државјанство и лична карта, во одбрана се стави бугарскиот медиум „Труд“, кој објави напис во кој наведува дека „Бугарка е вербално линчувана во Скопје“.

-Дали е лошо да си Бугарин во Македонија? Од тонот и сугестиите на официјалната прес-конференција на владејачката партија СДСМ на Зоран Заев во Северна Македонија, тоа е лоша работа, пишува во написот, а пренесе „360 степени“.

Од друга страна пак во текстот Петре Шилегов се оценува како антибугарин.

-На огромен екран зад говорницата на Петровска беше прикажан Указ за бугарско државјанство, но не на Данела Арсовска, туку на Даниела Арсовска. Дали е ова Указ за бугарско државјанство на дотичната жена, овде не станува збор. Исто така, не станува збор за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари, пишува „Труд“.

Поврзани новости