Хајредини: Се прави лажен оптимизам, состојбата со струјата е драматична

by fokus

Поскапувањето на електричната енергија засега не се најавува во јавноста поради локалните избори и треба на клучните позиции во државата да се постават постручни луѓе за справување со вакви ситуации, смета поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини во „Студио 10“ на ТВ 24.

-Ќе влечеме струја и натаму, се релативизираат работите во некои медиуми и се прави лажен оптимизам кај читателите. Видовте дека имаше тепање за мала компанија, па замислете како може да ескалира ситуацијата по изборите. Треба да се увезе јаглен и мазут, јаглен нема објективно, џабе зборуваат, а увозниот е скап, ситуацијата излезе дека е безизлезна. А никој не смее да зуцне до тој ден на изборите, рече Хајредини.

Тој забележува дека поранешниот заменик на владата, Кочо Анѓушев беше увозник на струја и тоа не е без влијание.

Според него, уште пред 20 години била укажано кога ќе дојде до недостиг на јаглен во резервите на РЕК Битола.

-Немаме јаглен за да работат со полн капацитет. Нашиот јаглен е скап за ископување, а природно немаме големи лежишта на јаглен. Спомнувањето во тендери за увоз на јаглен од Русија се чисти глупости. Нискокалоричниот јаглен не се транспортира затоа што не е рентабилен. Тоа е неостварливо затоа што немаме ни возови до централите. Не е исплатливо, посочува Хајредини.

Според податоците, Македонија има инсталирано капацитет 1512 мегавати, од кои 1000 се термоцентрали, а 500 се хидроцентрали. -До 1990 Македонија изградила 1400 мегавати, а од тоа, само 400 се изградени последните 30 години, а се претходно е изградено во Југославија во 70тите и 80-тите години. За овие 1000 термоцентрали е потребен јаглен или мазут. Овој податок не е доволен да се добие јасна слика за битни елементи. Хидроцентралите може да имаат 500 инсталиран капацитет, а количината на производството зависи од водата. Сега дојдовме во тешка ситуација, а јавноста не била запознаена дека термонцентралите Битола и Осломеј се изградени на лежиште на јаглен, а јагленот има одредени резерви. Ова ништо не е очекувано и сега доаѓаме во ситуација кога би имало јаглен и вода да се задоволат потрошувачките потреби. Последните 10 години откако се либерализираше пазарот, тука била ориентацијата на увоз на струја и не се размислувало дека ќе има криза во светот, вели Хајредини.

Поврзани новости