713
Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24 порача дека најавената вакцина ќе штити од корона вирусот.
Сепак, таа додаде дека нејзините колеги се подготвени затоа што како што рече, „со инфективните болести никогаш не сте на чисто“.
„Ако вакцината не врати во нормала, сите ќе сакаме да се вакцинираме. Јас исто така ќе се вакцинирам. Се очекува на почетокот на идната година да пристигнат вакцините. Мораме да бидеме подготвени, но тврдењата се дека вакцината ќе штити да не ги добиеме оние комплицирани обиди на Ковид-19“, истакна Софијанова.