Денешната седница на чиј дневен ред беа петте одлуки за прогласување вонредна состојба поради пандемијата беше прекината по усвојувањето на две одлуки за формирање и изменување на состав на собраниски работни тела.
По усвојувањето на дневниот ред, пратениците ги усвоија предлог-одлуката за изменување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на Комисиите на Собранието, како и предлог-одлуката за основање делегации, пратенички групи, и други облици на остварување меѓународна соработка.
Веднаш потоа, Џафери ја прекина седница и рече дека пратениците доолнително ќе бидат информирани за продолжението.
Инаку, тој попладне најави одржување седница за избор на потпретседатели на Собранието.
Во меѓувреме, спикерот ќе одржи и состанок на координаторите на пратеничките групи и претседателите на собраниските комисии.