Собраниската расправа за ребалансот на буџетот продолжува утре

by Фокус

Утре на пладне продолжува расправата по ребалансот на Буџетот, кој се носи поради ковид кризата и од чие усвојување зависи почетокот на реализацијата на четвриот пакет мерки за справување со последиците од ковид кризата вреден 470 милиони евра.

Во текот на расправата, опозицијата изнесе забелешки дека расходите се историски на највисоко ниво, дефицитот е на највисоко ниво, реализацијата на капитални инвестиции на најниско ниво, а парите предвидени во трите пакет економски мерки досега не се реализирале целосно

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, застанаа во одбарана на предложениот ребаланс и апелираа за негова поддршка.

Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски во расправаата наведе дека ова е најголема криза која се случи во еден момент и направи пад на БДП на најголемиот дел од сите економии во светот.

Поврзани новости