480
Претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски за утре во 12 часот ја закажа седницата на која што треба да се расправа за барањата за притвор за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва информираше дека барањето од Судот го доставил до Комисијата, по што Комисијата ја закажа седницата.
Комисијата е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието.