Собраниската комисија утре ќе расправа за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување

by fokus

Собранието на Република Северна Македонија за утре во 14 часот ја закажа седницата на Законодавно-правната комисија на која треба да се расправа по Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија” број 20/1993), поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Претходно денеска Владата го испратила до Собранието мислењето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, по што собранискиот спикер Талат Џафери го доставил до претседателката на Законодавно правната комисија Соња Мираковска.

Поврзани новости