Собранието денеска напладне ќе одржи седница посветена на актуелната состојба со поплавените подрачја од невремето на 6 август во Скопје и регионот.
Седницата која се одржува осум ден по катастрофата што ги зафати скопскиот и тетовскиот регион се одржува на барање на пратеничката група на СДСМ и опозицијата.
СДСМ предлага и конкретни заклучоци со мерки коишто треба веднаш да бидат преземени за да им се помогне на граѓаните.
Собранието, смета СДСМ, мора да расправа за оваа состојба и што е уште поважно пратениците мора да ги донесат предложените заклучоци за да се исполнат условите за задоволовување на минималните потреби на граѓаните кои се погодени од временските непогоди.
Во невремето загинаа 22 лица, а беа поплавени неколу скопски населени места главно во општина Гази Баба, но и во други скопски општини. Причинета е голема материјална штета.