Собранието во среда ќе расправа за интерпелацијата на Димитров

by fokus

Собранието на Република Северна Македонија во среда ќе расправа за интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, поднесена од опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица.

Ова било договорено на денешната координативна седница на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери.

На координацијата биле договорени активностите на Собранието во текот на неделава. Пратениците денеска ја продолжија триесетата седница, закажани се и седници на неколку комисии. Гласање по точките од дневен ред од оваа седница, но и за 32. седница, ќе се реализира кога ќе се создадат услови за тоа.

Поврзани новости