442
Партиите на денешната координативна средба договорија утре на дневен ред на собраниската седница да се најдат измените на Законот за СЈО, како и Законот за заштита на сведоци.
Седницата е по барање на СДСМ, која изготви и ги достави предлог-законските измени изработени според барањата на специјалната обвинителка, Катица Јанева.
Таа побара од пратениците да се продолжи рокот за покренување на обвинение кој сега е 18 месеци, како и да се направат измени на Законот за заштита на сведоци.