Систина Медикал престанала со работа во 2010, но се ликвидира дури сега

by fokus

Откако порталот „Актуелно“ излезе со информација дека се ликвидира Приватна здравствена организација – Специјална болница по гинекологија и акушерство Систина Медикал, со реакција се јавија од Клиничката болница Аџибадем Систина.

Имено, во Службен весник е објавено дека Основниот суд Скопје – 2 дека се отвора ликдицадија над Систина Медикал и воедно се повикуваат доверителите да ги пријават побарувањата во рок од 30 дена, а на 20 октомври веќе е закажно рочиште.

Од Аџибадем Систина, пак, реагираат дека оваа компанија била формирана во 2000 година, но таа престанала со работа веднаш по формирање на Аџибадем Систина во 2010 година.

„Согласно законот, со оглед на тоа дека компанијата Систина Медикал повеќе нема активности како и дозвола за работа, мора да биде спроведена постапка за ликвидација“, објаснуваат од Аџибадем Систина.

Воедно, од таму апелираат медиумите да не ги мешаат Систина Медикал и Аџибадем Систина за да не ги доведуваат читателите во конфузија.

Поврзани новости