655
По завршувањето на 22 седница, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отвори 41 седница на која на дневен ред беа законите за ОТА (Оперативно техничка агенција) и законот за следење на комуникациите.
Формирањето на ОТА беше изгласано со 87 гласа „за“ без против и воздржани, а за Законот за следење на комуникациите во второ читање гласаа 86 пратеници.
Трајко Димков од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата за овие закони доставила повеќе забелешки помеѓу кои биле вклучени и забелешките на стручната јавност.