Жугиќ: Мерката на Шилегов за 100 денари по час паркинг на Водно е дискриминаторска и е само за богатите

by Fokus

Градоначалникот Шилегов и СДСМ ветуваа декларативно подобар живот, а на скопјани им носат поскап паркинг. Наместо општество за сите, прават паркинг само за богатите, истакна денеска советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ.

„Откако мерката за забрана за возила на Средно Водно им доживеа фијаско, и селективно се пропуштаа возила, Шилегов сега воведува платен паркинг од неверојатни 100 денари за првиот час или нова паркинг зона А0. Ова е одлука со која елитата на СДСМ си го приватизира Средно Водно. Ова преставува и одредена финансиска дискриминација и сериозна пречка за семејствата со мали деца, за возрасните Скопјани, за лицата со хендикеп, директен атак на оние кои од реални причини не можат пешки до Средно Водно – рече Жугиќ.

Поврзани новости