Собранието, на денешната собраниска седница донесе одлука за објавување на оглас за избор на членови на Државната изборна комисија, која, според најновите измени на Изборниот законик, ќе ја сочинуваат 9 члена (тројца од власта, тројца од опозицијата и тројца непартиски членови избрани со консензус).
Според предвидените услови, кандидатите на предлог на политичките партии треба да бидат македонски државјани, правници со најмалку петгодишно работно искуство и да не се членови на орган на политичка партија.
Што се однесува до непартиските предлози, пак, освен правничкото искуство и искуството од областа на изборите, не треба да бидат членови на орган на политичка партија во последните 2 години, носители на јавна функција и јавни поддржувачи на политиките на власта и на опозицијата.