Пропадна обидот за формирање Анкетната комисија за прислушувањето

by Фокус

Во парламентот денеска пропадна обидот за формирање на Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето, поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ и ДПА не доставија предлози за членови.

–  Ова е уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да купи време, некоја саат или некој ден. Знаеме дека се плашат од снимките и сакаат да ги закопаат, но тоа не е возможно, Анкетната на крајот мора да се формира – рече Горан Мисовски, пратеник од опозицискиот НСДП.

Инаку, Комисијата треба да ја предводи Петре Шилегов од СДСМ, а ќе биде составена од 16 члена, од кои 8 ќе бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, 4 од СДСМ, 2 од ДУИ и по еден од ДПА и независен пратеник.

Поврзани новости