Собранието ни вечерва не куртули од шарениот катапулт

by fokus

Двата чатали за крај на вечерашните протести, демонстрантите ги вперија кон Собранието.

Тука тие запалија и неколку бакли додека скандираа „Нема правда нема мир”.

Претходно на мета на Шарената револуција се најде и Владата, а со црвен прашок беше офарбана и фонтаната на плоштад.

Демонстрантите порачаа дека ќе останат на улица се додека целосно не се реши кризата.

-Како што не може да се уништи идеја, така не може да се угуши разбудениот граѓански револт – порачаа „шарените”.

13330257_10209951971181057_890937049_n

 13342287_10209951981701320_1987667167_n13348733_10209951970421038_1935776748_n

Поврзани новости