Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Димитров и за пратеничката плата на Груевски

by fokus 08:45
08:45

Собранието на Република Македонија денеска на продолжението на 81-та седница треба да расправа за интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, поднесена од пратенцитете од ВМРО-ДПМНЕ.

За оваа точка пратениците требаше да дебатираат вчера, но поради обврски на министерот Димитров беше одложена за денеска. Иницијаторите на интерпелацијата го обвинуваат Димитров дека несовесно и неодговорно ја извршува функцијата, како и за лошо водење на дипломатијата на штета на националните и државните интереси, а му забележуваат и за Договорот од Преспа.

- Advertisements -

На дневен ред на седницата, меѓу другото, е и предлогот на неколкумина пратеници за дополнување на Законот за пратеници, со кој кога ќе се усвои на поранешниот премиер Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата.

– Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од шест месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, гласи членот што пратениците го предлагаат како дополна на Законот.

Доколку се изгласа предлогот, Груевски ќе ја загуби пратеничката плата, бидејќи е правосилно осуден на две години затвор за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес во предметот на СЈО, „Тенк“.

Груевски веќе неколку месеци е во Унгарија, каде од тамошните власти експресно доби азил.

Поврзани новости