Мицкоски: Влатко Ѓорчев е Тоти во ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на МРТ на прашањето дали професорката Гордана Силјановска и Влатко Ѓорчев испратиле кандидатури до ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат, одговори дека досега пристигнале две апликации, но тие се чуваат затворени до денот кога ќе измине рокот за пријавување.

Сепак, за Силјановска и за Ѓорчев рече дека има само најдобри зборови.

-Влатко Ѓорчев е Тоти во ВМРО-ДПМНЕ. Потекнува од младинската УМС,  па до сениорите. Претставува голема додадена вредност во партијата, борец неприкосновен, лојалист. Можам да кажам се најдобро за него. Можеби ќе излезе и трет, четврт кандидат до 31ви. Јас не знам дали овие две пристигнати апликации се од професорката и од Ѓорчев, но до 31ви ќе дознаеме, рече Мицкоски.

Поврзани новости