411
Пратениците денеска во Собранието ќе расправаат за Предлог-одлуката да се одобри продолжување на рокот за кризната состојба до 15 јуни 2016 година, поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.
Предлогот го донесе Владата на РМ на вчерашната седница затоа што истекува првичниот рок од 30 дена на важењето на одлуката за постоење кризна состојба, која беше донесена на седница на Владата на 19 август.