477
Од вкупен број присутни 105 пратеници во Собранието на Македонија, 102 гласаа за предлогот за разрешување на специјалната јавна обинителка Катица Јанева.
За оваа одлука гласаа „за“ и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство.
Јанева е во притвор како третоосомничена за случајот „Рекет“
На собраниската седница единствена точка на дневниот ред, а тоа беше разрешувањето на Јанева.
Откако пратениците изгласаа „за“ разрешување на Јанева, предлогот се доставува до Советот на јавни обвинители кој го финализира разрешувањето. Постапката започна поради незаконито, несовесно и нестручно вршење на функцијата, откако Катица Јанева заврши во притвор како осомничена за случајот „Рекет“.