Собранието ја продолжува расправата за уставните измени

by Фокус

Собранието денеска во 11 часот ќе ја продолжи расправата за нацрт амандманите, во рамки на втората фаза од уставните измени.

На почетокот на вчерашната расправа, премиерот Зоран Заев, образложувајќи ги амандманите кои произлегуваат од Договорот од Преспа, истакна дека останува отворен за инклузивен процес и побара сите пратеници да интервенираат во фазата на поднесување амандмани. Според него, во иницијативата за измени на Уставот согласно Договорот од Преспа нема ништо спорно, а предложените Нацрт-амандмани се во согласност со меѓународното право и со интересите на државата.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров, пак, порача опозицијата да не ги доведува во заблуда граѓаните во врска со уставните измени, посочувајќи дека во одлуката која што ја имаат добиено сите пратеници заедно со нацрт-аманданите стои дека амандманите ќе влезат во сила доколку Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО бидат изласани во Грција.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го афирмираа ставот дека со промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија ќе има нова држава и нов идентитет. Тие наведоа дека со промена на името и на Уставот ќе следи тотално редефинирање на државата.

Зекир Рамчиловиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека осумтемина пратеници со чија поддршка се отворија измените на Уставот ќе гласааат воздржано за три амандмани, потсетувајќи го премиерот дека процесот на уставни измени е врзан со процесот на помирување и простување.

Поврзани новости