Собранието ѝ изгласа доверба на Владата, ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше

by fokus

Со 62 гласа „за“, ниту еден еден против и ниту еден воздржан, но и без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратениците попладнево ѝ изгласаа доверба на Владата откако тоа го побара премиерот, Зоран Заев од собраниската говорница.

ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата на која се гласаше довербата на Владата.

Заев уште еднаш се обрати пред пратениците и повтори дека барањето усно го поднесе поради тврдењата на опозицијата дека во Собрание имаат ново мнозинство.

-Недозволиво е да не се закажуваат комисии, да се поднесуваат илјадници амандмани, да не се дозволува онлајн работа на Собранието, ова е дел од деструктивно однесување, опструкции и блокади. Вистината е најсилното оружје. Нема да дозволиме неизвесност, несигурност, сопки, блокади. Барам изјаснување во Собрание за да ја расчистиме маглата и да се соочиме со реалноста, рече Заев пред гласањето.

Со ова гласање Заев го потврди парламентарното мнозинство на власта во Собрание.

Попладнево ќе се гласа доверба на Владата по барањето на Заев

Заев: Ред е да се соочиме и да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство на опозицијата

Поврзани новости