Собранието го укина Советот за јавни набавки

by fokus 17:51
17:51

Собранието на Република Македонија попладнево ги донесе измените на Законот за јавни набавки по скратена постапка, со кои се укинува Советот за јавни набавки.

Министерот за финансии Драган Тевдовски пред пратениците истакна дека Советот не успеал да ги оствари целите поради кои бил создаден и оти со неговото укинување ќе се отстранат бирократските процедури.

- Advertisements -

– Постојниот закон, што беше донесен 2007 година, претрпе 15 измени со што значително се отежни неговата примена, а според оценките на Европската комисија, измените во последните години пред се воведувањето на Советот за јавни набавки доведоа до значително одалечување на законот од европските регулативи и практики за јавни набавки. Јавните набавки тешко се спроведуваа, има бројни неоправдани бирократски бариери кои не само што не придонесуваат да се спречи можноста од злоупотреби, туку доведуваат до блокирање на институциите и оневозможување тие да го даваат неопходните услуги на граѓаните – нагласи министерот Тевдовски.

Најави дека се работи на нов закон за јавни набавки во кој, како што рече, ќе бидат применети европските практики.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше зошто измените се носат по скратена постапка и рече дека поради тоа нема да дадат поддршка на предложените измени.

Поврзани новости