Џафери се сретна со министерот за надворешни работи на Црна Гора

by fokus

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, кој претсојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.

Џафери изрази задоволство од можноста за средба со Дармановиќ, како висок претставник на земја од соседството со која немаме отворешни прашања и со која не врзуваат пријателства и традиционално добри политички, економски и културни врски, а имаме и исти надворешно-политички приоритети.

Поздравувајќи го членството на Црна Гора во НАТО и напредокот во преговорите за членство во Европската Унија, претседателот на Собранието изрази уверување дека наскоро и Република Македонија ќе ја достигне клучната точка на својот пат – полноправно членство во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ.

Дармановиќ истакна дека Република Македонија веќе ја гледа како идна членка на НАТО алијансата и изрази уверување дека земјата наскоро ќе ги отвори и преговорите со ЕУ. Тој ја потенцираше успешната билатерална соработка во областите одбрана и култура, а изрази и надеж дека со воведувањето на авионската линија Скопје – Погорица – Сараево, ќе се отворат можности за унапредување на туристичката соработка.

Според министерот Дармановиќ, формирањето на мешовитата економска комисија ќе даде дополнителен импулс за поинтензивна економска соработка. Тој се осврна и на важноста на регионалната соработка како клучен елемент за стабилизирањето на регионот.

Поврзани новости