362
Со 67 пратеници „За“ Собранието го одобри барањето на Основниот суд Скопје за одобрување на притвор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски.
Исто така со 66 гласа „За“ Собранието го одобри барањето за притвор и на Љубен Арнаудов.
Со истиот број на гласови Собранието го одобри барањето за притвор и за пратеникот Јохан Тарчуловски.
Собранието го одобри барањето за притвор и за пратениците Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.