Груби: Никогаш да не се повтори 27 април, сите сме еднакви пред законот и правдата

by Фокус

Дваесет и седми април беше тежок ден за демократијата и имиџот на државата и тие сцени никогаш да не се повторат, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби, на собраниската седница на која се одлучува за одземање на имунитетот на шестмина пратеници учество во настаните на „крвавиот четврток“.

-Сите заедно носиме одговорност и сите сме рамноправни пред законот и правдата. Сите треба да се осмелиме да го наследиме тоа што го наследивме на 27 април, почитувајќи го правото, законот и волјата на народот – рече Груби.

Тој истакна дека се залагаат за реформи во судството, интеграција во ЕУ и НАТО, за добрососедски односи и затворање на отворените прашања.

Поврзани новости