Собранието го донесе и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

by fokus

По барање на СДСМ и ДУИ, Собранието попладнево пред да се распушти, го донесе и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На оваа седница не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен овој закон, беа донесени и Законот за управување со предметите во судовите и Законот за заштита на лични податоци, Законот за инспекторатот за употреба на јазиците и Законот за урбано зеленило.

По оваа седница, треба да се премине на седницата на чиј дневен ред е распуштање на Собранието.

 

Поврзани новости