510
Собранието на Република Македонија денеска на почетокот на 18. седница ги констатира оставките на пратениците кои во првиот круг од локалните избори добија градоначалнички мандати.
Петмината пратеници кои станаа градоначалници во првиот круг од изборите се Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Коста Јаневски и Максим Димитриевски. Нивните пратенички места, се очекува да ги заземат Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Агим Муртезанов и Костадин Ацевски.
Собранието денеска констатира престанок на пратничките мандати и на пратениците Бардиљ Даути од ДПА и на Зеќирија Ибраими од БЕСА, кој оставката до Парламентот ја доставил пред вториот круг од изборите.