Партиите поднесоа дури 103 приговори до ДИК за вториот круг од локалните избори

by Fokus

Алијансата за Албанците, БЕСА и Народното движење за Македонија поднесоа вкупно 103 приговори до Државната изборна комисија за вториот круг од локалните избори.

Од ДИК потврдуваат дека 86 се од коалицијата Алијанса за Албанците и БЕСА за Чаир, 13 поднела Алијансата за Албанците за Струга, три се од движењето БЕСА за Тетово. Еден приговор има и партијата НДМ за гласањето во Чашка.

ДИК е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по приговорите. Против одлуката на Комисијата, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Поврзани новости