724
Собранието одби да ја задолжи Владата да ги подобри состојбите во сферата на човековите права со конкретни мерки содржани во Извештајот на Народниот правобранител, бидејќи немаше доволно присутни пратеници.
За предложените мерки од страна на Народниот правобранител за спроведување на препораките, само 37 пратеници гласаа „за”, петмина беа „против” и еден воздржан.
Претходно, народниот правобранител Иџет Мемети рече дека во Извештајот за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за минатата година, не се констатирани позитивни промени, туку стагнација, а во некои области и назадувања што се потврдува со зголемиот број на повредени наршувањата на човековите слободи и права за четири проценти.