УМС реформаторско презентираше декларација за модернизирање на вмровската младина

by fokus

Неколку претставници на младината на ВМРО-ДПМНЕ, УМС, кои го поддржуваат Републичкиот штаб за рефoрми во ВМРО-ДПМНЕ денеска презентираа Младинска декларација и концепт за модернизација на Унијата.

-Свесни и обединети, ние младите донесуваме Декларација за модерно УМС, се со цел повеќе млади лица да се приклучат кон Унијата на млади сили и внатрешните реформи во ВМРО-ДПМНЕ, изјави Моника Делева, член на УМС од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Претставниците на УМС информираа дека Младинската декларација се состои од осум точки кои мора да бидат применети со цел успешно реформирање на партијата.

Поврзани новости