Собранието ги изгласа измените на петте закони за градбата на автопатите од „Бехтел и Енка“

by Fokus

Собранието денеска, ги изгласа измените и дополнувањата на законите за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес. Конкретно, Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Промената на законските решенија се однесува на доуредување на постоечките закони, со кои ќе се овозможи ефикасна и брза реализиција на стратешките проекти кои се однесуваат на изградба на патиштата, железничките пруги, гасоводи и други градби од национален интерес.

На денешната собраниска седница беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија.

Со овие два коридори за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. Се поврзуваме со пристаништето во Драч и со пристаништето во Бургас.

Со реализацијата на овој стратешки проект, во кој е предвидено да се вклучат домашни компании, ќе се отворат нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години.

Поврзани новости